Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја потврди информацијата дека во Турција е приведен осомничениот за убиството на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче.

Тој вели дека вчера било по итна постапка била издадена т.н. „црвена потерница“ која во истиот момент станала видлива во целиот свет.

„Тој беше последната алка од овој грозоморен чин, која недостасуваше за да кажеме дека сме заврише се како Министерство за внатрешни работи, кажа Спасовски.

Тој посочи дека и кривичната пријава е доставена.

„Кривичната пријава е изготвена на повеќе од сто страници, вклучувајќи ги доказите, предадена е во ОЈО. Опфатени се пет лица, од кои еден за грабнување и убиство, тројца за грабнување и соизвршителство и убстово и еден за помагање при грабнување, согласно доказите кои полицијата ги прибра. Предметот е во целосна надлежност на ОЈО“, посочи Спасовски.

Екстадициониот притвор продолжува преку Министерството за правда.