Во текот на ноќта, крајбрежната служба на Грција интервенирала во спасување на вкупно 549 мигранти. Лицата со десет чамци биле откриени во морскиот дел јужно од грчките острови Гавдос и Крит, по што сите биле безбедно евакуирани и пренесени на пристаништата.

Според официјалните информации од грчката крајбрежна служба, мигрантите биле спасени во осум одделни операции што започнале кусо по полноќ. Во две од акциите биле забележани по два чамци, а речиси сите пловни објекти биле откриени со воздушни средства или со беспилотно летало на силите на Фронтекс.

Пет од спасувачките операции се одвивале во близина на островот Крит. Останатите три интервенции биле реализирани кај малиот остров Гавдос, кој претставува најјужната точка на Грција и на европскиот континент.

Во најголемиот дел од чамците се пренесувале меѓу 36 и 50 лица, со исклучок на два во кои имало поголема група од 80 и 102 мигранти. Сите спасени лица потоа биле безбедно транспортирани до соодветните пристаништа на двата грчки острови.