Во Музејот на Македонската борба во Скопје на 20 декември 2026 година, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи концертот насловен како „La Donna“. Настанот е посветен на убавината, емоцијата и безвременската моќ на оперската музика.
На сцената ќе настапат сопранот Тамара Ангеловска и пијанистот Марио Јоцов. Тие преку внимателно одбрана музичка програма ќе ја поведат публиката на патување низ едни од највпечатливите страници на класичната оперска литература.
Публиката ќе има можност да ужива во познатите оперски арии од великаните на класичната музика, меѓу кои Џузепе Верди, Волфганг Амадеус Моцарт, Винченцо Белини и Гаетано Доницети.
Проектот „La Donna“ претставува уметничка приказна во која се среќаваат вокалната виртуозност, елеганцијата и искрената емоција. Самиот настан ја слави жената, нејзината сила, нежност и уметнички израз преку делата што со векови ги освојуваат светските концертни сцени.
