– СПД има мандат да формира влада. Сакаме Олаф Шолц да биде канцелар, истакна Клингбејл по објавувањето на првите излезни анкети.
Тој додаде дека анкетите им даваат предност на социјалдемократите.
Според прогнозата на телевизијата АРД врз основа на излезната анкета, СПД и ЦДУ/ЦСУ освоиле по 25 проценти од гласовите.
Прогнозата на телевизијата ЗДФ укажува дека СПД води со 26 проценти од гласовите, а коалицијата ЦДУ/ЦСУ има 24 отсто од гласовите.
СПД успеа да го подобри резултатот од претходните парламентарни избори за повеќе од пет проценти, додека ЦДУ/ЦСУ загубија поддршка од речиси девет проценти.