Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), на видеонадзорот на објектот биле забележани две лица кои го разгледувале просторот, при што едно од нив оставило куфер со средна големина.

По добиената пријава, надлежните служби презеле соодветни мерки и активности за утврдување на опасноста

Вработен во секторот обезбедување во Јавното претпријатие „Државни патишта“ денеска околу 13 часот пријавило сомнителна активност пред канцелариите на претпријатието, лоцирани на плоштадот „ВМРО“ во Скопје, каде што е и седиштето на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Денеска (08.10.2025) во 12.55 часот лице од обезбедувањето на ЈП ‘Државни патишта’ пријавило дека на видеонадзор пред канцелариите на ЈП ‘Државни патишта’ на плоштадот ‘ВМРО’ во Скопје биле забележани две лица како го разгледуваат местото, а едно од лицата оставило куфер. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека куферот е празен“, се вели во соопштението од МВР.