На граничниот премин „Долно Блаце“ вчера полициски службеници извршиле контрола во две патнички возила и задржале четири косовски државјани, затоа што во возилата била пронајдена поголема количина стока за широка потрошувачка без потребните документи.
Како што соопштија од МВР, вчера во 14.15 часот бил извршен преглед во возило „фолксваген бора“, со косовска национална ознака, управувано од Р.С.(30), во кое совозач бил А.Т.(31), двајцата од Косово. При преглед во возилото, во делот за резервна гума била пронајдена стока за широка потрошувачка без документи.
Во 15.20 часот, пак, била извршена контрола и на патничко возило „фолксваген голф“, исто така со косовска национална ознака, управувано од Ќ.Ц.(23), во кое совозач бил Г.И.(29), двајцата од Косово. При контролата било констатирано дека возилото било натоварено со стока за широка потрошувачка без документи.
Од МВР посочуваат дека за настанот бил запознаен Јавен обвинител, по чија насока лицата и предметите биле предадени на царински службеници за понатамошна постапка.