-Ако приказната е вистинска, Врање доживеа уште еден голем срам во режија на локалните напредњаци. Според повеќе неофицијални и меѓусебно поврзани извори, вакцинирањето на граѓаните на Македонија во Врање пропратена е со досега невиден срам, соопштија Врањске, а ги пренесуваат и други српски медиуми.
Информирани од местото на настанот дека поединци продаваат вакцини на Македонци, за 40 евра по доза, припадниците на БИА презедоа акција и под сомнение за оваа „работа“во полициското управа во Врање приведоа две познати лица од Врање.
Ако веста е точна, пишуваат Врањске, тогаш мора да се провери целиот ланец – кој им доставил вакцини, со кого ја делеле заработката, колку вакцини биле продадени и слично.
– Но, целата приказна е запрена, се зборува, од првиот напредњак на југот на Србија, Драган Стевановиќ Боске, првенствено за срамот да не се рашири… Според некои информации, приватните продавачи на државните вакцини биле од една јавна институција, функционер и неговиот заменик и двајцата приведени припаѓаат на владејачката Српска напредна партија (СНС).
За сега, јасно е дека нешто се случило, пишуваат Врањске, дека работата далеку ќе одекне, дури и ако е само делумно точно, и дека некој треба да одговори за тоа.
Според Врањске, приказната не оди во насока на разоткривање на целата приказна, туку во насока на нејзино прикривање.