Србите донираа вакцини против коронавирусот на Намибија.
Шефот на српската дипломатија, Никола Селаковиќ, денеска пристигна во Намибија, а причина за таа посета е донацијата на Србија за таа африканска земја, која се состои од 30.000 дози на вакцина Спутник V. Договорот за донација, во главниот град на Намибија, Виндхок, го потпишаа Селаковиќ и министерката за надворешни работи на Намибија, Нетумбо Нанди-Ндаитва, кои за време на заедничкото обраќање изразија голема благодарност до таа земја за помошта во борбата против коронавирусот. Во Намибија од вирусот починаа 3.333 луѓе. Досега регистрирале 123,483 ковид случаи. Србија помогна на соседите во процесот на имунизација со вакцинирање на граѓани и донирање на вакцини.