Вечерва во Ливерпул се одржа првата полуфинална евровизиска вечер. Според светските обложувалници, фаворит беше Лорин од Шведска, која беше евровизиска победничка во 2012 година со ,,Еуфорија”. По изведбата со огромен број на позитивни коментари на официјалната страница на Евросонг изненади и хрватскиот Лет 3.

Во финале се пласираа Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Шведска, Чешка, Израел, Португалија, Србија и Норвешка.