Договорот во Луксембург го потпишаа министерот за финансии Синиша Мали и потпретседателката на ЕИБ, Лилијана Павлова.

– Овие 200 милиони евра заеми од ЕИБ ќе бидат искористени да бидат пласирани преку Фондот за развој на оние компании што се уште не добиле пари од државата, со цел да се ублажат негативните последици од пандемијата, рече Мали.

Кредитите ќе бидат со поволни услови, но Мали не даде детали.

Од вкупно 200 милиони евра, 110 милиони ќе бидат наменети за обртни средства, односно за помош за ликвидност, а останатите 90 милиони евра за инвестициски активности, односно за набавка на опрема со цел дополнително намалување на негативните последици на пандемијата.