Тој објасни дека одлуката во која зона ќе бидат државите ќе биде донесена врз основа на бројот на пациенти и процентот на позитивните тестови во нив. За бугарските власти државите ќе бидат во – Зелена зона, Портокалова зона, Црвена зона.

Списокот на земји по зони на бои се утврдува врз основа на објавени информации од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) – за земјите-членки на Европската унија и Европската економска област (ЕУ и ЕЕА), СЗО и Центарот за контрола на болести – Атланта, САД .

За државите од каде нема податоци или недоследност во податоците, официјалните ќе се добиваат преку податоците објавени на веб-страниците на националните здравствени власти.

Списокот ќе се анализира најмалку еднаш неделно и ќе се ажурира во понеделник, а доколку е потребно, и почесто ако се влоши состојбата со епидемијата во државата.

– Луѓето кои се од ржавите во Зелената зона влегуваат со најлесен режим, во Портокаловата зона имаат малку построг режим, па дури и да имаат сертификат, некои од луѓето, по случаен избор, ќе се вршат дополнителни тестови. А, оние што се во црвената зона нема да им се дозволи влез во Бугарија, објасни Кацаров.