Во институтот „Торлак“ почна производството на оваа вакцина, која ќе може да се извезува во соседството.

„РФПИ и Институтот за вирусологија, вакцини и серуми ‘Торлак’ објавуваат дека почна производството на руската вакцина против коронавирусот Спутник V во Србија. Со ова, Србија стана првата држава во Јужна Европа која ќе ја произведува Спутник V.

– Производтсвото во Србија е во склад со најстроги стандардни, објави Рускиот фонд за директни инвестиции.

Институтот „Торлак“ се наоѓа во главниот град Белград и е основан во 1927 година кога почнал со производство на Бесеже вакцината против туберкулоза.

Италија претходно постигна договор и од јули ќе почне со производство на вакцината. Во преговори за производство е и Германија, поточна покраината Баварија.

Србија треба да изгради и фабрика за производство на кинески вакцини. Во земјата бројот на нови заболени полека се намалува, и од 5.000 нови, сега паднаа под 4.000 случаи дневно.