Состојбата со бегалците, меѓусебната соработка во однос на управувањето со системот на азил, ажурирање на модулот на азил од базата на податоци за странци, зголемување на капацитетот за заштита на барателите на азил и лицата под меѓународна заштита, биле темите на кои се разговараше на средбата во МВР.
– На средбата се разменија мислења и во однос на можностите за определување на матичен број на лицата – баратели на право на азил, издигнување на уште повисоко ниво на годишната програма за соработка меѓу МВР и УНХЦР, а беше разгледана и можноста за зајакнување на поддршката од страна на УНХЦР на МВР и нејзино формализирање, се наведува во соопштението од МВР.
Претставничката на УНХЦР Сандри, во контекст на глобалната пандемија, се заблагодари на напорите на МВР, како што тоа го сторил и високиот комесар за бегалци Филипо Гранди на неодамна одржаната 72.Сесија на Извршниот комитет на УНХЦР, се додава во соопштението, за напорите и успехот на Министерството за внатрешни работи да го зачува здравјето и на барателите на азил и на сопствениот персонал.