Едночасовната средба што се одржа вчера во просториите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како што е наведено во соопштението од Обвинителството, била од протоколарен карактер.
– Истакнувајќи го своето задоволство за работењето на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, амбасадорот Гир понуди помош од Европската Унија за уште поефикасно и поефективно работење на ова Обвинителство, се наведува во соопштението.