-Не може нешто да биде обврзувачко за граѓаните, е тие да ги немаат средствата за да го исполнат барањето. Ние сме земја со слаба дигитална мрежа што ни покажа пандемијата и фијаското со настава од далечина. Ако се воведуваат дигитални ученици, апелираме софтверот да биде поквалитетен и да не падне првиот ден, како што се случи со националната платформа скулс.мк, рече Ходаи.

Ходаи додаде дека печетењето на дигиталните ученици не смее да оди преку училиштата, каде ги нема соодветните ресурси, туку да биде централизирано и да го спроведува Министерството за образование.

-Сметаме дека печатените учебници треба да бидат вистински книги, со корици, а не скрипти. Прикачувањето на учебниците во ПДФ форма е добра алтернатива за учениците. Сепак, треба да биде алтернатива, а не постулат, рече Ходаи.