Радиша Блажиќ, татко на монструмот од Младеновац Урош, според непотврдени информации денеска починал наводно од срцев удар, јавуваат српски медиуми.

Урош Блажиќ во четвртокот вечерта уби осум и рани 14 лица.

Во денешната одбрана пред судот, Урош ги признал убиствата, наведувајќи дека со пушка и пиштол пукал кон неколку лица кои биле во групата за да го исплаши населението.

Вишото јавно обвинителство побара притвор, што судијата го прифати поради ризик од бегство или од повторување на делото. Како мотив за монструозниот чин, тој рекол дека сакал да ги заплаши мештаните.

Петмина од убиените денеска беа погребани.