Српскиот министер за финансии Синиша Мали денеска изјави дека очекува забавување на инфлацијата, што ќе значи постепено излегување од кризата што Србија не ја предизвика.
– Го достигнавме врвот на инфлацијата, забавување на инфлацијата е забележано и во ЕУ, која е наш најголем трговски партнер. Очекувам дека инфлацијата ќе се намали во следните месеци, изјави Мали за РТС.
Тој додаде дека столбот на монетарната политика е стабилниот девизен курс, дека Србија има поголеми од кога било девизни резерви и резерви во злато.
Тој посочи дека државата направила се за да ги минимизира ефектите од зголемената инфлација.
– Имаме контролирани цени на основните прехранбени производи, најевтина струја и гас, ја контролираме цената на горивото, товарот на кризата го презеде државата за да им обезбеди на граѓаните, економијата и стопанството што е можно понормален живот и работење, рече Мали.
Тој додаде и дека Србија ќе ги исполни своите ветувања во однос на растот на платите и пензиите.