Министерот за финансии Синиша Мали е најсериозен кандидат за нов премиер на Србија, јавија белградски медиуми, наведувајќи дека тој „веќе пишува експозе“, пренесе Бета.

„Точно е дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека има четворица кандидати за мандатарската позиција, од кои двајца се познати на јавноста, двајца не, а меѓу нив има и непартиски експерти, но се чини дека во овој момент министерот Мали е на прагот да стане првиот човек во немањина 11“, објави весникот Данас, повикувајќи се на извор од актуелната власт.

Како што понатаму наведува весникот, „информациите се дека тој веќе пишува експозе, но додека не завршат консултациите во СНС и пошироко и додека претседателот (Александар Вучиќ) не донесе конечна одлука, тешко е да се каже со сигурност кој навистина ќе биде нов премиер“.