Според нив, во последните 24 часа најмногу заразени со коронавирусот има во Европа и тоа 44% од случаите, по што следат Северна и Јужна Америка.
На глобално ниво, повеќе од 125 милиони луѓе се заразени. Жртвите од вирусот надминуваат 2,7 милиони.
На локално ниво, рекорден број на нови случаи има во Полска, каде според локалните власти, земјата се наоѓа во „најтешките моменти од почетокот на пандемијата“.
Чешка ја продолжи вонредната состојба до 11 април, а германските власти ги повикаа своите граѓани да не патуваат во Франција, Австрија и Данска.