Би сакал да апелирам до тутунарите, бидејќи има некоја појава на одредени откупни компании со известувања дека доколку се зголемеле цените понатаму и тие ќе доплателе. Има член во Законот за тутун кој кажува дека се уште има можност да се зголемат цените ако има вонредни или неочкувани ситуации во производството или откупот на тутунот. За тоа треба да има официјален анекс, по сите законски норми, а не известување како што залепиле“ рече директорот на Државниот инспекторат за земјоделие Јане Станкоски.
Тој додаде дека стравува дека ваквите известувања на одредени откупни компании се обид за да се доведат тутунарите во заблуда.
„Ние не можеме по тоа да реагираме, бидејќи е во форма на известување, но сметам дека сакаат да ги доведат во заблуда“ рече Станкоски.
Тој додаде дека крајно време е откупувачите да ги зголемат цените за откупот на тутун по класи и апелираше до тутунарите да внимаваат и да не подлегнуваат на манипулациите на одредени компании.