Според објавените податоци за 2020 година, бројот на активно население во Македонија е 950 858 лица, од кои вработени се 794 909, а 155 949 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56,4 отсто, а стапката на вработеност 47,2 отсто.

Податоците покажуваат дека во првиот квартал од 2020 година стапката на невработеност изнесувала 16,2, во вториот 16,7 отсто, третиот 16,5 и во четвртиот квартал 16,1 отсто. Во 2019 година стапката на невработеност изнесувала 17,3 отсто.

Од вкупниот број невработени во 2020 година, 60,7 отсто биле мажи, 39,3 отсто жени,

Според возраста, најмногу невработени (98 362 лица) се меѓу 25 и 49 години.

Од вработените, најголем дел се ангажирани во преработувачката индустрија 158.135 лица, трговијата на големо и мало 116.970 лица, земјоделство, шумарство и рибарство 95.545…