Вчера во 13.40 часот во полициската станица Гевгелија било пријавено дека во близина на караула „Гевгелија“ била пронајдена неексплодирана граната со калибар 155мм од Првата светска војна.
Увид бил извршен, а гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување од Струмица.