Стефковски укажа дека идеите за програмата се практично предлози на граѓаните.

-Во време на ВМРО-ДПМНЕ се градеше, и ние правеме грешки но од нив треба да се извлече поука. Се уште работиме на програмата, но веќе ги имаме проектите, рече Стефковски.

Стефковски укажа дека приоритет ќе биде чиста животна околина.

-Имаме повеќе индустриски капацитети во општината, и треба да работиме на тоа да имаме чиста животна средина, тоа ќе ни биде еден од проектите. Градоначалникот во заминување има потпишано за проекти штетни за животната средина. Ова не смееме да го дозволиме, не смееме да дозволиме да се направи топилница за хемиски отпад во центарот на Гази Баба, прва задача ќе ми биде ревизија на проектите кои се штетни за животната околина, ќе направиме комплетна ревизија и ќе го поништиме проектот, рече Стефковски.

Кандидатот спомена и други проекти кои се подготвени и кои ќе бидат реализирани.

-Гази Баба е една од најголемите општини и секое населено место има специфики. Така ќе изградиме 4 градинки, планираме реконструкција на културните домови, ново основно училиште во населбата Ченто, најголем дел ќе посветиме и во подобрување на инфраструктурата во образование, односно нови спортски сали. Ќе го модернизираме јавното комунално претпријатие бидејќи го имаме во општината, ќе направиме и катастар на зеленилото, а имаме и проект за ови паркови, засадување на 500 илјади дрва во општината, рече Стефковски.