Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, од 8.30 до 14.30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица бр. 3 во с. Горно Соње во Општина Сопиште, од 8.30 до 15.30 часот, корисниците од дел од с.Добридол во Општина Сопиште, од 9 до 11 часот, корисниците од дел од ул.„Домазетовска“ во нас. Драчево во Општина Кисела Вода, од 9 до 12 часот, корисниците од дел од ул. „23-ти Октомври“ во Општина Аеродром, од 9 до 13 часот, корисниците од ул. „Ѓорѓи Пешков“ (Боемска улица) во Општина Центар, а од 9 до 14 часот, корисниците од улица бр.24 во с.Волково во Општина Ѓорче Петров.