На денешната редовна седница, Советот на општина Гази Баба донесе одлука за отпочнување на постапка за издавање на Обврзница за брз развој на општината.

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот Стефковски напиша:

Денес отпочнуваме постапка за издавање на Обврзница за брз развој на нашата Гази Баба!
Граѓаните немаат повеќе време за чекање!
Време е за брз развој на нашата Гази Баба!
Со оваа Обврзница за брз развој во план е да се обезбедат финансиски средства за:
Изградба на нова училишна зграда на ООУ Крсте Мисирков во Ченто;
Целосна изградба на фекалната канализација во населено место Јурумлери;
Изградба на нови детски градинки во Трубарево и Маџари;
Реконструкција на Културниот дом во Ченто;
Целосна изградба на фекалната канализација во населено место Гоце Делчев;
Изградба на пречистителна станица за отпадни води во Црешево;
Асфалтирање на локални улици на територија на општина Гази Баба;
Изградба на други фекални канализациони системи.
Ова се проекти кои се ветувани на граѓаните години наназад. Неможеме да дозволиме нашите сограѓани и во иднина да газат во кал!
Им благодарам на Советниците од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за високата одговорност која ја покажаа со поддршката на мојот предлог.

Благодарам и на дел од советниците од Советничката група на СДСМ кои и покрај јасните насоки за блокади дадени од партијата на крај дадоа поддршка за брзиот развој на општинатаСтеф, напиша Стефковски.