НУЛА трошоци за учество на екскурзии за ученици од социјално загрозени семејства. Со почетокот на новата учебна година, започнува со реализација и проектот НУЛА трошоци за учество на екскурзии за ученици од социјално загрозени семејства, најави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.
-Сите општински основни училишта добија задолжение за реализација на овој проект согласно Правилник за начинот на изведување на екскурзиите, излетите и другите вонучилишни активности на учениците од основните училишта.
Уште еден проект од изборната програма е реализиран, истакна тој.