Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес ја објави Платформата “Нулта толеранција за корупцијата во општина Гази Баба” во рамки на која од денес ја спроведуваме кампањата

„Не молчи пријави! Заедно против корупцијата!“.

За кампањата градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

-Почитувани граѓани,

Ја објавувам Платформата “Нулта толеранција за корупцијата во општина Гази Баба” во рамки на која од денес ја спроведуваме кампањата
“Не молчи пријави! Заедно против корупцијата!”.

Од денес секој граѓанин има можност да пријави корупција во рамките на општина Гази Баба на следните начини:

Со повик, смс или на viber 24 часа на 075 346 938

На емаил: prijavikorupcija@gazibaba.gov.mk

Директно кај определен службеник во кабинетот на градоначалникот.

Во општина Гази Баба нема да се толерира коруптивно однесување.

Во општина Гази Баба нема да се толерира која било друга форма на неетичко, казниво или друго незаконито однесување.

Општина Гази Баба се стреми кон развој на силна организациска структура и кохерентен систем за управување со интегритет.

Во изминатиот период по моето доаѓање во општината поаѓајќи од заложбите за владеење на правото, обезбедување на одржлив економски и општествен развој, поттикнување на јавната доверба во локалните власти, целосно и непречено остварување на правата и слободите на граѓаните ја воведов Политиката на интегритет во која се утврдени начелата за идната работа на администрацијата и истата ја доставив до Државната комисија за спречување на корупцијата како надлежен орган во Република Македонија. – напиша Стефковски.