Напаѓачот на англиската фудбалска репрезентација Рахим Стерлинг ќе се врати во Катар за да конкурира за настап во четвртфиналниот дуел на Светското првенство против Франција кој е на програмата в сабота од 20 часот.

Стерлинг итно се врати во Англија на денот на осминафиналниот натпревар против Сенегал за да биде со семејството по оружен грабеж во семејниот дом.

„Напаѓачот на Челзи привремено го напушти кампот за да се посвети на семејни проблеми, но се очекува во текот на денешниот ден да се врати во Катар“, соопшти Фудбалската федерација на Англија