Со обвинувања за мешање во изборите во Македонија, со жесток тон и зборување за политички мотиви актуелниот градоначалник на Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски се споритвстави на неговото ставање на Црната листа на САД.
Вавкиот потег тој го опиша како „кукавички чин на оние кои го губат тлото овде во Македонија, па помош бараат од Американците“.
Јас сум единствениот кандидат кој кажува дека скапо го плативме членството на НАТО со промена на името. Јас сум единствениот кандидат кој не е поддржан од Сорос. Зошто ја правиме оваа фарса со претседателски избори кога од надвор ни бираат претседател?
Стевчо Јакимовски децидно ги негираше обвинувањата од Стејт Департментот и рече дека „Ниту случајно“ нема да се повлече од кандидатурата со претседател.
Јакимовски се спореди со Доналд Трамп. Тој говореше за многуте амандмани кои ги има против Трмап, а додаде дека зад ова стои Џо Бајден.
Потполно истите работи кои му ги прават на Доналд Трамп, истото сценарио се случува против Виктор Орбан, против Александар Вучиќ, а сега и против мене во Република Македонија.
Тој оценува дека е смешно тоа што е ставен во ист кош со Катица Јанева.
Се огласија од ВМРО-ДПМНЕ. Од најголемата партија велат дека уценетиот Јакимовски работи за СДСМ и го окаректеризираа како неформален коалиционен партнер на СДСМ.