Санкционирани се 106 возачи за пречекорување на пропишаната брзина во акција што ја спровела сообраќајната полиција вчера на територијата на СВР Тетово.

Министерството за внатрешни работи информира дека девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Седумдесет и пет возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 31 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.