Граѓаните на Бугарија денеска гласаат во вториот круг од претседателските избори, на кои ќе го изберат седмиот претседател на земјата.
За функцијата се натпреваруваат Илијана Јотова, актуелна вршителка на должноста претседателка, и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Бугарската централна банка.
Во првиот круг, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те кандидати не добил доволна поддршка за победа, пренесува БТА.
Право на глас имаат речиси 6,6 милиони граѓани. Според податоците на Централната изборна комисија, во земјата ќе бидат отворени 9.373 избирачки места, од 7 до 20 часот. Изборниот исход ќе одлучи кој ќе ја преземе претседателската функција во следниот мандат.
