Тој додаде дека фирми на Заеви должат данок и нема санкции кон нив, таа, како што рече, што треба да ги казнува добива најблиска функција до Заев, а сега сака да зголеми даноците кон сите, односно кон сите оние кои што плаќаат данок и ако не платат им се закануваат извршители.
– На листата на должници за данок се фирмите каде Заеви се јавуваат како косопственици, а вкупниот долг од само три фирми е речиси милион ипол евра. И секоја година на листата на УЈП за неплаќачи на данок се појавуваат фирмите на Заеви. Сања Лукаревска, директорката на УЈП добива втора функција во партијата на Заев. И денеска ќе ги набројам вие три компании, Дравас инженеринг, вкупен долг 41 милион 325 илјади денари, Сара инженеринг, вкупен долг 33 милиони 811 илјади денари, Сара Јавор инженеринг со вкупен долг од 16 милиони 204 илјади денари кон државата, вели портпаролот.
Стоилковски посочи дека вкупно 91,340,000 денари, или над еден милион 485 илјади евра, долг на само три фирми каде што косопственици се Заеви, долг кон државата за данок.
– Зоран Заев треба да одговори, дали фирмите во кои што директно учество имаат Заеви со неплаќањето данок не ја стимулираат сивата економија и даночната евазија во државата, но и дали поставувањето на Сања Лукаревска на партиската функција е поврзана со тивкото премолчување за долгот на овие кон државата? Истовремено Сања Лукаревска, директорката на УЈП треба да одговори, дали примерите со неплаќањето на данок на фирмите на Заеви со тоа не се упатува порака за неказнивот и порака за селективност на УЈП, прашува тој.
Тој потенцира дека никој не е должен да го враќа долгот на неплаќачите, ниту да затвора дупки во буџетот заради ненаплатени даноци од фирмите на Заеви.
– Покачувањето на данокот нема да помогне ниту во сузбивањето на сивата економија, ниту во надминување на даночната евазија се додека фирми во кое се споменува звучното презиме Заев се нередовни плаќачи на данок, појасни Стоилковски.