Меѓународни извештаи потврдуваат дека нема јасна линија помеѓу криминалот и институциите што треба да се борат со криминалот, што потврдува дека институциите во Македонија шуруваат со криминалот, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Оливер Спасовски две недели се крие зад флоскули и не одговара на едноставни прашања коишто го потврдуваат ова шурување:

 

Дали и кога е направен претрес и дали е одземено автоматското оружје во куќа во Ласкарци близу Скопје, кај близок на Сашо Тасевски директор на БЈБ, за што е објавено и видео од пукање?

 

-Дали и зошто комисија составена од Оливер Спасовски водена од негов пулен Музафер Каришиќ, издала дозвола за оружје на лице наведено во првите пет за полициска проверка и претрес од листата Безбеден град?

 

-Дали и зошто на листата составена од имиња безбедносен ризик во Скопје се лица од криминалните групи Дуќанџик, Грчец и Бундес, а нема членови на криминалните групи Беланоца, Кондово, Барон?

 

-Дали и зошто на листата за проверка нема повратници доброволци од војните во Сирија и Ирак?“, прашува Стоилковски.

Тој додава дека јасни се прашањата, уште појасен е молкот од Оливер Спасовски. Молкот од Оливер Спасовски е потврда за шурувањето со криминалци. Се додека со полицијата управуваат Оливер Спасовски и партиската хиерархија на СДС, Македонија ќе се дави во нерешен насилен криминал, МВР ќе биде испостава за мафијата од издавање пасоши до издавање дозволи за оружје, а меѓународните институции ќе посочуваат на владино – спонзорирани криминал и корупција!