-Одиме понатаму со низата договори. По „Пастичарска“ и „Есенинова“, еве го и договорот за улица „Киро Глигоров“, онаа улица од Автокоманда до Ново Лисиче, продолжеток на булеварот „Србија“. Повторно милионски договор, 2 милиони евра. Договор од јули оваа година, сега пред избори. Проценета вредност: 117.586.000. Склучен договор: 110.400.000 денари или разликата е некои седум милиони денари за волкав зафат тоа е речиси ништо. И повторно иста фирма која без реална трка на аукција добива три милиони евра за „Пластичарска“, еве ја сега на истиот начин добива речиси 2 милиони евра. Иста шема, неколку понуди, ама нема натпревар за земање на работата. Со едно намалување при електронската аукција, фирмата онаа со највисока првична понуда го зема тендерот, истакна Стоилковски.
А, внатре повторно цени 3 пати повисоки од реалните. Ќе направам неколку споредби, потенцираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
– Ископ со утовар и транспорт, три пати поскап, од 163 на 475 денари за кубик. Правам споредба помеѓу два тендера на истата фирма.
– Гребење на асфалт, од 51 на 142 денари за еден квадрат.
– Тампонирање, од 484 денари на 1.140 денари за кубик. Тоа е два ипол пати поскапо.
– Асфалтирање, од 47 денари на 114 денари.
– Еве им ги омилените, рабниците за тротоари, цена по парче од метро, од 484 на 1.128 денари! Или два ипол пати поскапо, рече Стоилковски.
И така натаму и така натаму. Плаќа Град Скопје, нема трка меѓу фирми, профитерот си врти! Шилегов нема објаснување како одеднаш големи градежни фирми немаат интерес за тендери од 2,3,20 милиони евра, во време на криза? Во време кога немаат пари за обезбедување на плата за работниците. Шилегов нема објаснување како одеднаш цените на понудата се три пати повисоки, а никој не сака да ги намали? Шилегов нема објаснување како одеднаш фирми пријавени на тендер, оние кои што подготвиле документација, не учествуваат на лицитацијата за земање на работата? Шилегов нема објаснување како одеднаш по аукции за намалување на цената, во борбата за работа цените паѓале и до 50% од понудите, а сега одеднаш нема интереси и со само еден клик се зема тендер од 2, 3 или повеќе милиони евра. Шилегов нема објаснување како одеднаш договорите се исти како и нереалните проценки на Град Скопје? Шилегов нема објаснување како одеднаш за четири години го зголемува личниот имот за половина милион евра со плата од Град Скопје? Праша Стоилковски.
Нема полошо од СДСМ за Скопје нема полошо од Шилегов, додаде тој.