Почитувани,

Продолжуваме со објавување на скандалозни непотистички вработувања и злоупотреби на позиции од клептоманите на власт, додека Македонија тоне во сиромаштија и во кризи!

Штипската болница не е изградена, но тоа не го спречува министерот за транспорт и врски Благој Бочварски од антимакедонската клептоманска СДС, токму таа болница да е местото каде на најбрз можен начин се вработува неговата сопругата. Бочварски да е појасни се венчава во мај, а веќе во јуни, неговата сега сопруга добива работа во штипската болница. Тоа што дополнително боде очи во овој случај е што во исто време, во ист ден, во штипската болница се ухлебени и сопругата на Бочварски и нејзината сестра.

За да работата биде појасна Маринела Серафимова сега Бочварска и нејзината сестра Мартина Серафимова во оваа болница се вработени, како велат во Штип, веднаш од клупа по дипломирање, односно по неполни три месеци стаж во приватна здравствена установа.

Оттука, Благој Бочварски должи одговори:

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени како општи докторки на специјалистички оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничката болница Штип, со дозвола на директорот на болницата, член на клептоманската СДС, Ален Ѓорѓиев?

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра ухлебени во штипската болница се директно „од клупа“ веднаш по дипломирањето и без тримесечен стаж?

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени во ист ден во штипската болница без оглас распишан од болницата?

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра немале шестмесечен работен стаж во приватна установа пред да бидат вработени во штипската болница без оглас?

Дали е точно дека Благој Бочварски ја злоупотребил својата позиција како министер за да го изигра системот и без распишан оглас неговата сопруга и нејзината сестра да се вработени во штипската болница?

И последно, дали и како е можно без работен стаж од шест месеци, ухлебена во јуни, сопругата на Бочварски да користи годишен одмор во август?

Почитувани,

Благој Бочварски нема одговор зошто не е готов автопатот Скопје – Блаце што требаше да биде завршен, ниту автопатот Кичево – Охрид којшто исто така требаше да биде завршен, нема ниту изграден современ пат до Прилеп и Битола. Ништо од секторот на миленикот и протежето на Зоран Заев не е сработено и изградено, ама затоа за неговата сопруга и за нејзината сестра итно е отворена работа во штипската болница. Нема градба, нема капитални инвестиции, одговор од Бочварски затоа нема, бидејќи одговорот веројатно е едноставен, човекот веројатно се грижи за семејните вработувања. Здравството е во колапс, луѓе умираат во болничките ходници дури и на клупите пред болниците ама затоа министерските семејства мора да бидат ухлебени на буџет!

Со секој изминат ден со антимакедонската клептоманска СДС Македонија тоне се подлабоко во кризи и сиромаштија, а расте единствено бројот на злоупотребите на буџетот од клептоманите!

Потребни се оставки, потребно е одговорност, потребни се итни избори!, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.