Претседателот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, смета дека францускиот предлог во ваква форма е неприфатлив.

Тој е против внесување на Бугарите во Уставот, затоа што, според него, нивната бројка е минорна.

-Утре може ќе останат овде кај нас 2-3.000 Украинци, па може ќе треба и нив да ги внесеме, истакна Ангелов.