Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Аргумент плус“ зборуваше за блокадите во и пред Собранието и упати прашање на својата колешка и соговорничка од СДСМ, Снежана Калевска-Ванчева зошто се прават тие блокади во Собранието и пред и од кого тие како власт се плашат.

-Зошто Собранието сè уште има блокади? Зошто Собранието е нефункционално по однос на веб страницата, ние, новинари, служби не можат на сајтот, на новиот сајт кој што не знам колку чини да се снајдат? Кажете ми зошто Собранието е сеуште блокирано, зошто го одблокиравте во петокот, кога доаѓаше претседателот на Република Италија, зошто повторно денеска барикадите се пред Собрание? Од кого се плашите? Ајде конечно да расчистиме дали ВМРО-ДПМНЕ е подготвено и дали народот ви ја дава поддршката? Бирајте или референдум или предвремени парламентарни избори или двете заедно и сите дилеми ќе се расчистат, рече Стојаноска.

Пратеничката Стојаноска во текот на своето гостување говореше и за катастрофалните политики на власта и укажа дека со ваков начин на функционирање од страна на власта Република Македонија нема никогаш да влезе во ЕУ.

-Меѓу вас имате пратеници кои не се согласуваат со вашата политика, понижувачка е оваа ваша политика, распродадовте се што имавте. За каков влез зборувате во ЕУ? Секоја година, секој месец, секоја наредно состанување на овие две комисии кои што потпишавте да се формираат во Договорот со Бугарија ќе давате и ќе давате, до кога? Што за ова возврат има Македонија? ЕУ со вас, со ваков начин на преговарање никогаш, тоа треба да им го кажете на граѓаните и тие да ви одговорат, додаде Стојаноска.