„ВМРО-ДПМНЕ, поточно извршниот комитет донесе одлука уште пред да заврши конечниот рок нели за пријавување на кандидати за овие распишани локални избори, кои што се без консултација со ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија, туку директно со одлука на претседателот на Собрание. И тоа се случи исто така и без да биде информирана претходно Државната изборна комисија, туку само службено откако го добила Решението за распишување на избори на 17-ти април локални во општина Маврово – Ростуше и општина Центар Жупа. ВМРО-ДПМНЕ како што реков донесовме одлука да не учествуваме на овие избори од причини што не сакаме а бидеме декор за една одлука која што е непромислена, избрзана, без да се седне на маса и да се разговара. А, гледаме дека со тоа веќе се согласи односно би рекла се попишмани кандидатот на Социјалдемократскиот сојуз, претходниот градоначалник нели во меѓувреме вршеше должност на градоначалник бидејќи нели локалните избори во Маврово – Ростуше во октомври 2021 година беа неуспешни“, истакна Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински Брифинг“.
Стојаноска додаде дека од Социјалдемократскиот сојуз поднесоа кандидатура до рокот зададен 12-ти март, за да по некој ден се повлече кандидатурата. Нивните причини можеби беа заради тоа што немаат противкандидат, но реалноста изгледа ја согледаа отпосле односно увидоа дека и тие избори ќе бидат неуспешни па за да не доживеат дебакл се одложија изборите.
„Би требало Државна изборна комисија да донесе некој заклучок, дека оваа постапка се прекинува, тој заклучок треба службено да пристигне до Собранието, и кога ќе се распишат наредните избори очекуваме нели барем за следниот пат да бидеме консултирани и заеднички да го определиме датумот како би се организирале тие избори“, нагласи Стојаноска.
Стојаноска посочи дека треба да се организираат избори кои што ќе бидат успешни.
„Главниот проблем е нели иселеноста на луѓето од овие краишта и затоа немаме успешни избори“, појасни Стојаноска.