Градоначалникот Александар Стојкоски најави дека Ѓорче Петров ќе биде најсилна општина во наредниот период со стабилна економија и развој
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров и кандидат за нов мандат, Александар Стојкоски, истакна дека општината, по период на финансиска девастација, успеала да се стабилизира и ќе биде најсилна општина во наредниот период.
„Наследивме општина која финансиски беше девастирана, со долгови над 4 милиони евра, и веднаш започнавме со активности за создавање стабилна основа за иднината. Најодговорно тврдам дека Ѓорче Петров ќе биде најсилна општина во наредниот период. Во изминатиот мандат изградивме над 150 улици, а во тек е изградба на повеќе од 90 нови улици“, изјави Стојкоски.
Тој потсети и на инфраструктурните проекти. Вклучувајќи изградба на атмосферска канализација и зголемување на капацитетите во детските градинки преку нови објекти.
„Изградивме нова атмосферска канализација и ги зголемивме капацитетите во детските градинки со нови објекти кои се во тек“, додаде градоначалникот.
Стојкоски нагласи дека и во моментов се градат спортски сали. Како и нови спортски терени, со што се продолжува со развојот на спортската инфраструктура во општината.