Тоа што тие велат дека е дискриминација, всушност претставува матрица на размислување која не е државотворна, туку на невладиниот сектор.
– Во НВО секторот ние можеме да експериментираме, да имплементираме проекти, да имаме поголема слобода. Но, кога станува збор за образование, за државна институција, тоа не смее да се гледа како невладин сектор, истакна пратеничката.
Ова што Царовска сака да го направи во историјата, но и во другите предмети, е нејзина проекција како нештата треба да изгледаат во нејзиниот склоп на ум и разум, односно како треба да изгледа еден учебник по историја без никаква дискриминација.
– Притоа, таа заборава дека на тој начин не дискриминира сите нас, ја бидејќи ги дискриминира науката и вистината. Историјата постои за да научиме од грешките кои се случиле, ако не знаеме што е феудално општество, дека имало робовладетелство, дека имало Отоманско ропство, ако не научиме која е реалната приказна за време на Светските војни, дали тоа биле Балист или Бугарски окупатор. Не може ние да ја избегнуваме реалноста и врз основа на што и како, нашите деца ќе ги научат вредностите, истакна таа.
Нашата актуелна влада и премиер, додава таа, не ја разбираат поентата на науката и важноста на историјата, кога после само две години работа на мешовитата комисија со Бугарија, тие сакаат да добијат некој резултат.
– А ние имаме случај од ЕУ, каде што 50 години траат процесите на договарање и тоа никако не попречува на развојот на Полска или пак на Германија, кои над 60 години се договараат за историските учебници.