– Праведно е тој да одговара за своите страшни злосторства врз цивили, вклучувајќи убиство на илјадници босански мажи и момчиња во Сребреница во 1995 година, се наведува во соопштението на Столтенберг.

НАТО наведува дека Алијансата помогнала да се завршат двете етнички војни на територијата на Западен Балкан во 90-те години од минатиот век и да се затвори „мрачното и срамно поглавје од европската историја“.

– Регионот останува стратешки важен за нашиот Сојуз. Ќе продолжиме да придонесуваме за стабилноста и безбедноста низ земјите од Западен Балкан, промовирајќи мир и помирување, се заклучува во соопштението.