Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, најави дека ќе се кандидира за претседател на Србија на претстојните избори. Тој порача дека неговата цел е победа доколку ја добие довербата да биде претседателски кандидат.

Најавата беше соопштена за време на централниот предизборен митинг на коалицијата „Ивица Дачиќ – Фактор на стабилноста“, кој се одржа во Белградската арена пред околу 20.000 присутни приврзаници. Дачиќ ги повика гласачите да дадат поддршка за неговата листа и на претстојните парламентарни избори.

„Затоа, ова не се само парламентарни избори. Кој сака јас да бидам кандидат за претседател, треба да гласа за нас и на парламентарните избори, за листата со број два“, рече Дачиќ.