Одговорност за енергетската криза мора да има, затоа е непходно да се разрешат првите луѓе на Регулаторна, ЕСМ, но и министерот за економија и вицепремиерот за економски прашања. Ова е барањето на Стопанската комора за енерегетика доставено до Владата.Според нив на овие места треба да раководат лица кои се екперти во оваа област, за да може државата да излезе побрзо од енергетската криза. Од комарата се надеваат дека во следните две недели ќе бидат повикани во Владата за да се изнајде решение, во спротивно најавуваат протести.
„Со цел да се спасат граѓаните и компаниите непходно е на тие места да застанат лица од таа област, не економист или правник да работи и да ги решава проблемите во енергетската криза. Ние дадовме рок до претседателот на Владата да го разгледат барањето со сите точки, топлинската енергија, енергетската криза, проблемите со БЕГ, детално да се разговара, очекуваме успешни разговори и да ни излезе во пресрет да ги превземеме ние тие функции и притоа да се стабилира и врати во нормална состојба државата како пред една година“, вели Ѓорги Манасков- Претседател на стопанска комора за енергетика.
Покрај барањата за разрешување, тие бараат да не се дозволи поскапување на електричната енергија, да се врати дневната ефтина тарифа, да се укине за првите три месеци ДДВ за струја за сите компании, и да се субвенционираат најранливите компании во произвдоството. Засега владините најави се дека ќе има нов сет на мерки со кои би се опфатиле најраливите категории на граѓани, но и дека е можно намаленото ДДВ-ве за стујата на 5 проценти да остане до крајот на енергетската криза.