На 12.02.2023 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ починал И.Д.К.(42) од Сојузна Република Германија, со патна исправа на САД, а со престој во Скопје, информира МВР.

Според пријавеното, тој бил пронајден паднат во станот во кој живеел, по што бил пренесен во болницата, каде што починал.

Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.