Страшен пожар вчера попладне го зафати хрватскиот остров Чиово. Пожарникарите успеале да го опколат, да го свртат во спротивен правец од куќите и да го насочат кон морето.

Во текот на попладневните часови, на сите расположливи копнени сили им помогнаа три Канадери и три Ер Трактори, а во текот на ноќта на терен беа 145 пожарникари со десетици противпожарни возила.

И покрај силниот ветер кој дуваше и го отежна гаснењето, пожарникарите вчера во текот на попладневните и ноќните часови успеаја да спречат негово ширење, па немаше опасност за објектите. Ситуацијата утрнава е поповолна од вчера.

-Според проценката, изгореле околу 450 хектари трева и ниска вегетација, извести хрватскиот противпожарен сојуз во 07:00 часот.