Изет Меџити, првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, преку објава на Фејсбук изнесе сериозни обвинувања за корупција во ДУИ. Според него, фирмата „Хеј“, која до вчера имала договор за закуп со Државната лотарија, е поврзана со пратеник од ДУИ и делувала како алатка за перење пари и масовни злоупотреби на јавни средства.
Меџити најавува бескомпромисна борба против корупцијата во ДУИ
Во својата објава, Меџити остро ги осуди коруптивните активности и предупреди дека ќе следат нови акции за разбивање на овие шеми.
„Нема враќање. Ќе водиме жестока битка против епидемијата на коцкање, а коруптивните шеми на политичарите поврзани со коцкањето ќе ги уништиме без компромис. Ова е само почеток. Кулата изградена на коцкарски основи наскоро ќе се распадне, а оние што стојат зад неа ќе одговараат и пред законот и пред народот,“ напиша Меџити., нагласувајќи дека ова е само почеток на посилни чекори во справување со корупцијата во ДУИ.
Поврзаност на фирмата „Хеј“ со функционери на ДУИ
Според Меџити, фирмата „Хеј“, која имала договор за закуп со Државната лотарија, била контролирана од пратеник од ДУИ и преку неа биле перени милиони евра. Владата го раскина договорот, а Меџити објави дека корупцијата на вакво ниво нема да биде толерирана.
Политичкиот пат на Меџити: Од ДУИ до коалицијата „Вреди“
Изет Меџити беше еден од водечките членови на „огнената група“ во ДУИ, но минатата година ја напушти партијата по несогласувања за реформите. Денес, тој е дел од новата коалиција „Вреди“, која е во владејачката структура. Иако Меџити беше дел од раководството на ДУИ, неговата одлука да ја напушти партијата ја оправда со потребата за радикални реформи и борба против корупцијата.