На патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража од вечерва е воведена забрана за сообраќај на тешките товарни возила, соопштија од АМСМ.
Воедно, од таму препорачуваат на прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.