Стразбур пресече во корист на затворник од Идризово
Македонија го загуби првиот предмет пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) за нечовечко постапување во затворот „Идризово“. Затвореникот Ф.М успеа да ја докаже правдата во Стразбур, откако домашните судови не успеаја да лоцираат вина за инцидентот во кој тој бил брутално претепан од затворски полицаец.
Настанот се случил на 3 август 2020 година пред затворската кантина. Затвореникот се жалеше дека бил изложен на тортура и дека македонските власти не спровеле ефективна истрага.
Соочена со доказите, Владата доставила унилатерална декларација до Судот во која признала повреда на член 3 од Конвенцијата за човекови права. Државата се обврзала да му исплати на Муслиу обештетување од 11.295 евра за нематеријална штета. Иако апликантот не бил целосно задоволен, Судот одлучи да го затвори предметот по ова признание.
Извор: Прес24
