Новата обврска за трговците – транспарентност во цените

Трговците, освен малите со до 10 вработени, од денеска мора секојдневно да ги објавуваат продажните цени на веб страниците. Секој ден, до 10 часот наутро, цените мора да бидат достапни во посебен дел од страницата. Ако не ја исполнат оваа обврска, се соочуваат со парични казни до 10.000 евра.

Министерот Дурмиши: Граѓаните мора да знаат каде им се поевтини цените

Според министерот за економија, Бесар Дурмиши, трговците имале доволно време за адаптација. Оваа мерка, истакна тој, е клучна за заштита на потрошувачите.

ОД ДЕНЕСКА ВО СИЛА: Трговците мора да ги објавуваат цените јавно на веб-страници!

„Транспарентноста мора да биде поголема. Граѓаните заслужуваат да знаат каде да ги трошат парите и кои цени се најповолни. Оваа обврска се однесува на големите маркети кои имаат и капацитет и ресурси“, рече Дурмиши.

Контроли на терен – инспекциски проверки започнуваат

Пазарниот инспекторат ќе врши редовни теренски контроли за проверка на исполнувањето на оваа законска одредба. Казните се дефинирани со измените во Законот за заштита на потрошувачи, објавени на 4 март во Службен весник. Дополнително, Министерството за економија подготви и Правилник за начинот на објавување на цените.

Средба со Комората следната недела

Комората на трговци со прехранбени и непрехранбени производи побара пролонгирање на рокот за примена на мерката. Министерот Дурмиши најави средба со нив идната недела за разгледување на можностите.

Извор: Миа