Студентите од Србија испратија отворено писмо до раководството на РТС, Советот на РЕМ и Народното собрание.

Во писмото, тие побараа итна оставка од генералниот директор, неговиот заменик и уредниците на Информативната програма.

„Граѓаните имаат право на вистинити, целосни и непристрасни информации. Бараме одговорност од институциите и ослободување на јавниот сервис од политички влијанија“, се вели во писмото.

Тие наведуваат дека бараат итна оставка од генералниот директор, неговиот заменик и уредничкиот колегиум на информативната програма.

„Бараме привремена управа, предложена во договорот помеѓу ’Студентската листа‘ и репрезентативните синдикати во РТС, која би била именувана во согласност со законот“, се наведува во соопштението на студентите во блокада.

Што се однесува до РЕМ, тие бараат „независно постапување, јавност на одлуките и образложение за постапувањето во случајот со ’Информер‘“.

Тие нагласуваат дека очекуваат јавен и образложен одговор во рок од седум дена од приемот на писмото.

Од Народното собрание очекуваат „пополнување на испразнетите места во Советот на РЕМ преку законска и транспарентна постапка, заснована на стручноста и независноста на кандидатите“.

„Јавниот сервис мора да им служи на граѓаните“, се вели во соопштението.